еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 348 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, велат од Министерството за здравство.

“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 585 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени„, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 381 казна за неносење маска

Редакција

Одлука на Влада: Администрацијата ќе работи во смени, онлајн или со ротации

Редакција

Дете позитивно на Ковид-19 стави во изолација 2 вработени и 13 деца од градинка во Неготино

Редакција