еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.059 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 149 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 97 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 124 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 25 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 27 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.762 и има околу 310 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кластер во штипскиот затвор: Пет осудени лица помеѓу кои и Митко Чавков и тројца вработени, позитивни на Ковид-19

Редакција

МОСТ: Пендаровски победи со 51,51 отсто пред Силјановска Давкова со 44,93 отсто од гласовите

Редакција

Радев: Провокација и варварски чин е палењето на Културниот центар „Иван Михајлов“

Редакција