еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациент, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 46, во  Гевгелија 16 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со лажен сертификат за англиски, кичевец сакал да стане директор на студентски дом во Скопје

Редакција

Во сите пописи досега од 1948 година се попишуваат и Бугарите во Македонија

Редакција

Нема одговорност за Мицкоски, Обвинителството за „Боемска“ бара парични казни за објектот, сопственичката и вработениот

Редакција