Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 996 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 23 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 97 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 34, Кавадарци 64, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти Министерството.
Фото: Министерство за здравство