еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.000 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 75 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 129 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26 во Кичево 34, Кавадарци 68, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираат од Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушани двајца сведоци за „ТНТ“, судењето продолжува на 15 октомври

Редакција

Караџовски е во добра здравствена состојба, ама не сака да биде „турска серија“, па често да се појавува по медиуми

Редакција

Вкупно ревакцинирани 499.934 граѓани, интересот за вакцинација продолжува

Редакција