Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини
Убава вест: Оздравени 71 пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово и Штип
Починаа четири нови лица од Ковид-19, двајца од Скопје и по еден пациенти од Куманово и Штип
Фото: МЗ