Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти заболени од Ковид-19.
Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 152 пациенти заразени со Ковид-19
Починаа уште двајца пациенти заразени од Ковид-19, вкупно 549
Нови 130 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје
Фото: МЗ