еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти заболени од Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 132 лица кои боледувале од Ковид-19

Починаа уште седум лица од Ковид-19, меѓу нив струмичанка на 44 години

Нови 163 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Струмица и Куманово

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водечките светски медиуми го анализираат „големото бегство“ на Никола Груевски

Редакција

На возраст над 50 години, 7 хоспитализирани: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Николоски: Немаме сознанија дека Никола Груевски влијаел врз гласањето на пратениците

Редакција