еМагазин
Image default
Бизнис

Детален преглед: Што пишува во законот за враќање на дел од ДДВ на граѓаните?

Предлогот на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица влезе во собраниска процедура по скратена постапка и во него се вели дека намалувањето на даночната евазија е основната причина за донесување на овој закон.

„Со донесувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, физичките лица ќе имаат право на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што истите самите на некој начин ќе бидат инспектори, односно ќе бараат да им се издадат фискални сметки.

Поради тоа се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници“, пишува во законот.

Во него пропишува дека физичките лица кои имаат навршено 15 години возраст доколку ги исполнат условите пропишани со законот, ќе можат да го остварат правото на враќање на дел од данокот на додадена вредност.

За остварување на ова право, истите ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.

„Со горенаведеното пријавување на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 % од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје“, пишува во законот.

Правото на враќање на данокот се однесува на данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги, издадени согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Правото на враќање на данокот може да се оствари само еднаш за една иста фискална сметка, односно правото на враќање на данокот не се остварува за фискалната сметка која е веќе пријавена согласно член 6 од овој закон.

Враќањето на данокот може да се оствари во висина од 15% од данокот на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.

Правото на враќање на данокот се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Највисока основица за пресметување на данокот за враќање, за едно календарско тримесечје, е искажаниот данок на додадена вредност во фискалните сметки во висина од 12.000 денари.

Целиот закон ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инвестиција од 270 милиони евра: Француски „Акуо Енерџи“ ќе гради соларен парк за 94.000 домаќинства кај Штип

Редакција

„Окта“ оствари добивка од 2,6 милиони евра за девет месеци

Редакција

МИОА вработува 15 службеници

Редакција