Девизните резерви на крајот на септември изнесувале три милиони 753 илјади и 800 евра и во однос на август бележат зголемување заради откупот на девизи на девизниот пазар и задолжувањето на државата, објави денеска Народната банка.
Според статистичките податоци на централната банка, најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (64,1 проценти), по што следуваат валутите и депозитите (25,7 проценти) и монетарното злато (10,2 проценти).
Најниски девизните резерви биле во јуни годинава.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.