еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Девојката-донор со бубрезите ќе спаси и пациенти кои со години се на дијализа и десетина пациенти кои боледуваат од карцином

Министерството за здравство информира дека вчера доцна во вечерните часови успешно се спроведе и втората трансплантација на срце од починат донор во нашата држава.

Пациентот кој го прими срцето е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето.

„Два бубрега од оваа пациентка денес ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа.

Во понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка.

Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор. Ова е прва ваква експлантација направена во земјава.

Голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка. Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други“, велат од Министерството.

Тимот кој учествуваше во оваа комплексна операција е од некоку кардиохируршки центри. Тие уште еднаш ни докажаа дека нашиот систем располага со тим на хирурзи кој функционира беспрекорно, велат од Министерството.

Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина.

„Благодарни сме на сите лекари кои учествуваат во постапката на утврдување на мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сакаме да спасиме животи, така ќе живее и мојата сестра, порача братот на девојката-донатор на која и се поклонува Македонија

(Фото) Докторите и се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

(Галерија) Успешна трансплантација на срце кај 22-годишно момче, донирано од девојка која почина како последица од сообраќајка

Родителите на млада пациентка која починала денеска, дале согласност за донирање на нејзините органи

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 937 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Кој е Неждeт Мустафа, новиот заменик министер за односи со заедници

Редакција

Нов прекин на железничкиот сообраќај

Редакција