Познатиот скопски диџеј Мац, упати апел за помош на 48-годишниот Трајче. Неговиот статус на Фејсбук го пренесуваме во целост.
„Чичко Трајче случајно го најдов на улица стопираше на автопат и го качив, бидејќи беше доста ладно. Неговата приказна не е баш убава. Тој живее сам, нема синови, ќерки, внуци живеел со неговата мајка која починала. Патува од гратче до гратче и моли за да работи каква било работичка за да може да се прехрани и да има каде да спие (нема каде да спие). Нема алишта, нема ништо. Има само топло срце, кое е жедно за живот. Сега јас Ве замолувам да го споделиме постов и да му помогнеме. На било каков начин. Се што имате пишете ми, јавете ми се, тој комуницира со мене“, се вели во апелот на Мац.
Фото: Фејсбук/Мац
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Диџеј Мац: Успеавме во помошта за чичко Трајче