еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот Димитриевски: Македонија беше окупирана од фашистичка Германија, Бугарија и Италија во Втората светска војна

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук-профил објави неколку историски факти очигледно инспириран од последното интервју на премиерот Зоран Заев.

Неговата објава Ви ја пренесуваме во целост.

„1.Гоце Делчев е темелот и душата на нашата државност. Македонец со јасна визија за самостојна Македонија.

2. Секој јазик е суштината за постоење на еден народ. Македонскиот јазик ниту бил ниту ќе биде дијалект, има своја посебност и кодификација, признаен, потврден и верификуван во светот.

3. Македонија беше окупирана и поделена во Втората светска војна од фашистичка Германија, Бугарија и Италија. Македонскиот народ и партизаните се кренаа на востание и во коалиција со антифашистите извојуваа победа над окупаторот.

Куманово е ослободено на 11ти ноември (сабота) 1944 година од страна на 17та и 18та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили (наведени во спомен зборникот 1941 – 45).

Одлуките на АСНОМ и АВНОЈ ја потврдија државноста на Македонија а ние како рамноправен народ за прв пат добивме можност да формираме своја сопствена држава во рамки на Титовата федерацијата од која подоцна произлезе независна и суверена Македонија.

4.Македонскиот народ и држава има сопствена историја која е дел од светската историографија, заедно чествуваме и одбележуваме заеднички настани и личности со сите пријатели, но само со взаемно почитување и уважување.

Сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на Балканот, како и да е фактите остануваат и не се менливи. Влеговме во НАТО, чекориме кон ЕУ, таму е нашето место, само како достоинствени Македонци со своја сопствена генеза“, напиша Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: „Заменивме 20 табли на кои пишуваше бугарски фашистички окупатор – Бугарија не е фашизам, туку наш пријател“

Се огласи „неискусниот“ Пендаровски: „Да се избегне историскиот ревизионизам заснован врз политички конструкции“

„Од песната „Ние не сме Срби, Бугари ни Грци“ ќе остане само “Ние не сме““: Твитер реакции за интервјуто на Заев

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Здруженијата за заштита на животните бараат институциите да работат на проблемот со бездомните животни

Редакција

Хелсиншкиот комитет: Притворот не е неопходна мерка за Моника Ристовска

Редакција

Владо Мисајловски ќе ги координира градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција