еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитриевски: Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка

За финалниот „француски предлог“, на Фејсбук реагира и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

„Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка.

Од билатерален дозволувате да се трансформира во мултилатерален проблем со кој еден ден ќе се соочат нашите внуци и правнуци, а дополнително се обидувате да ја релативизирате тежината на предлогот.

Лидерството значи да мислиш и работиш за националните и државни интереси, не да го уриваш и подгазуваш тоа што предците ти го оставиле.

Тоа што не го постигнаа во минатото со оружје во балканските, првата и втората светска војна, денеска се обидуваат по дипломатски пат да го постигнат со власт која за жал по сите досегашни постапки повеќе не го застапува нашиот национален и државен интерес.

Македонскиот народ и сите граѓани на Македонија како и многупати до сега низ историјата ќе го надминат и овој предизвик и сите заедно ќе излеземе посилни и пообединети за наша Македонија.

Македонецот опевал и ќе опејува многупати за јунаштво и подвиг, но исто така и за предавство и самопонижување… Вие самите од власта изберете си ја песната, јас мојата многу одамна ја избрав.

Македонија ќе победи!“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување

Ѓорге Иванов повикува на отфрлање на „францускиот предлог“

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Бучковски во Софија однел нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија и дека нема да се меша во прашањето за малцинствата

Редакција

(Видео) Далмација отсечена поради снежно невреме, се извлекуваат заглавени, отворени прифатни центри

Редакција

Убиен 42-годишен маж од Велес, полицијата го приведе убиецот

Редакција