Грција упатила вербална нота до државата поради прекршување на Преспанскиот договор, информираше денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Договорот од Преспа го прекршила техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи која ја променила таблата со името на министерството и уставното име на државата Република Северна Македонија и поставила стара табла, со старото име Република Македонија, информираше министерот.
„Мизрахи го прекрши Уставот, иако при доаѓањето на таа функција се обврза да го почитува и да го брани уставот. Грција испрати протесна нота за овој случај“, рече Димитров и јавно му предложи на техничкиот премиер Оливер Спасовски да побара нејзино разрешување додека се уште не е распуштено Собранието, поради тоа што нејзиното однесување може да предизвика дополнителни прекршувања на Уставот.
„Ова претставува грубо прекршување на Договорот од Преспа и доаѓа по повторени прекршувања на Договорот од страна на министерот за труд и социјална политика и од министерот за внатрешни работи. Амбасадата го посочува фактот дека Договорот од Преспа мора да биде доследно и посотојано почитуван“, пишувало во вербалната нота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерката Мизрахи: Таблата поставена во Министерството е наследена, не постои стара и нова
Фото: Влада