еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: Секоја генерација си има своја историска планина

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, се осврна на празникот Илинден во контекст на новото време. Притоа, цитирајќи го и Адлај Е. Стивенсон, кој за патриотизмот вели дека “не е краток неконтролиран изблив на емоции, туку смирена и постојана посветеност во текот на целиот живот.”

„Секоја генерација си има своја историска планина. Во 1903 Илинденците дигнале востание за правда и слобода. Во 1944 Асномците обезбедиле државност. Планината на нашата генерација е да си ја заштитиме татковината зачленувајќи се во НАТО, да ја обезбедиме иднината преку европскиот воз и да го зацврстиме идентитетот решавајќи ги споровите со соседите и меѓусебно прифаќајќи се.

Каузата на нашата генерација можеби најмногу е да загриземе здраво и одлучно во борбата против раскомотените мрежи на криминалот и корупцијата. Тоа им го должиме и на Илинденците, и на Асномците, и на идните генерации.

Да ни’ е честит Илинден!“,напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Сто вработени во МВР добија откази, ќе следуваат уште

Редакција

Министерот Спасовски го потврди приведувањето на Спасеновски, Цветков и Делев

Редакција

Собранието на предлог на СДСМ, ја изгласа мајка му на Боки 13, за член на Комисијата за слободен пристап до информации

Редакција