Директорот на Царинска управа, Горан Сугаревски e реизбран за претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, информираа од партијата.
“Надзорниот одбор на партијата е важен орган, задолжен за надгледување на финансиската и деловната активност, за оценување на статутарноста на актите и одлуките кои се носат, а надлежен е и за спроведување на Етичкиот кодекс за однесување.
Надзорниот одбор на СДСМ во иднина фокусот на работата го става токму на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот Кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови“, велат од СДСМ.
Фото: Фејсбук/Сугаревски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.