Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило”, Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесе оставка.
Оставката ја дава поради здравствени причини, соопшти тој на неговиот Фејсбук профил.
„Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП ‘Паркови и зеленило’. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција“, напиша тој.
Реџепи стана директор лани во септември.
Фото: Фејсбук/Реџепи
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.