еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот за половина денар денар

Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар дизелот ќе изнесува 74 денари, додека „Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 81 денар, а „Еуросупер БС-98“ ќе има цена од 83 денари.

Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 денари за килограм и ќе изнесува 38,130 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 проценти во однос на одлуката од 17 месецов.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,541 проценти, кај дизелот за 1,152 проценти, кај екстра лесното масло за 1,318 проценти и кај мазутот има намалување за 2,660 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,077 проценти, информира РКЕ во образложението за одлуката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешен директор на ПИОМ Тетово вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Редакција

Во македонскиот дел од заедничката Комисија со Бугарија изненадени од оставката на Ѓорѓиев, велат немало притисок од МНР

Редакција

ССК: K-15 лаги и вистини за исплатата

Редакција