еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за два денари

За два денари поскапува Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ, а малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, Мазутот М-1 НС и Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе изнесува 72,5 денари.

Еуросупер БС –  95 и Еуросупер БС – 98 и натаму ќе се продаваат за 80 денари, односно за 82 денари по литар, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 70 денари, а Мазутот М-1 НС 41,784 денари за килограм.

Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 процентиво однос на одлуката од 10-ти месецов.

РКЕ објаснува дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,854 проценти, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,754 проценти или за 34,350 долари/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,019 проценти и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,315 проценти. Поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,588 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордна продажба на чоколадно млеко и павлака: Бимилк лидер на пазарот и во 2018 година

Редакција

Во „Титаник“ ќе потоне делото „злосторничко здружување“ за Груевски, но му остануваат другите дела

Редакција

Муареми демантира дека против него е поднесена кривична пријава од страна на Обвинителство

Редакција