Под кровниот слоган на општествено-одговорната иницијатива на dm {ЗАЕДНО} едни за други, компанијата ги повикува сите здруженија, установи, институции, единици на локална самоуправа и непрофитни организации до 4 август да ги пријават своите проекти кои имаат за цел да ја променат перцепцијата за менструацијата во јавноста, што значи отстранување на стигмата од менструацијата и отстранување на чувството на срам кој често се поврзува со овој поим, како и да дадат придонес кон менструалната правда во земјава. Сите проекти кои ќе бидат одбрани од комисијата на организаторот, ќе добијат поддршка во реализацијата на истите.
Пред да аплицирате преку пополнување на формуларот за пријава, задолжително прочитајте ги правилата и условите за учество.
“Силно веруваме во моќта на едукацијата и отворениот разговор кога станува збор за здравјето на жените. Позитивното искуство минатата година, кога преку оваа иницијатива поддржавме 6 општествено-одговорни иницијативи во вредност од повеќе од 3 милиони денари ни е само поттик дека навистина можеме да направиме промена. Затоа однапред им се заблагодаруваме на сите оние кои ќе ја земат предвид пријавата и на овој начин ќе ни помогнат да ја постигнеме нашата цел – а тоа е подигнување на свеста за женското здравје и создавање на чувство на заедништво и поддршка,“ изјави Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm.
Женско здравје во dm
Кампањата за женско здравје ги слави различностите и има за цел да изгради поддршка за сите жени, зајакнување на инклузивноста и разбивање на заостанатите бариери во општеството. Со оваа единствена иницијатива, dm сака да ги зајакне жените ширум нашата земја и да одговори на различните предизвици со кои тие се соочуваат во денешното општество.
Покрај широкиот асортиман на производи – од органска храна и природна нега, па сѐ до врвни козметички препарати, преку кој dm ѝ обезбедува на секоја жена сѐ што ѝ е потребно, оваа сеопфатна кампања за женското здравје ги преминува физичките аспекти, бидејќи на овој начин, dm ги поттикнува жените да му дадат приоритет на своето ментално, но и социјално здравје и да се ослободат од стигмите кои ги опкружуваат.
Отворени разговори преку dm поткастот
Како дел од оваа кампања, dm на 12 јули го лансира и нивниот сопствен поткаст „Женски ритам“ кој ќе се занимава со широкиот спектар на женското здравје, а ќе бидат вклучени стручни соговорници и јавни лица кои ќе учествуваат во дискусијата.
Следачите на поткастот може да очекуваат драгоцени информации и практични совети во сите четири епизоди кои ќе опфатат теми како што е физичкото здравје на жените, исхрана, грижа за менталното здравје во брзото секојдневие, борбата со предрасудите и предизвиците во социјалниот живот на жената.
Во сите овие епизоди, соговорниците ќе ги споделат со вас нивните приказни, со што ќе ви овозможат да се поврзете со вашите искуства и перспективи. Поткастот ќе служи како вреден извор на жените кои бараат вредни информации и насоки, а истовремено ќе ја промовира културата на меѓусебното зајакнување, а епизодите ќе може да ги погледнете на YouTube каналот на dm.
Од dm, компанија која во најголема мера ја сочинуваат жени, порачуваат дека на овој начин продолжуваат да ја инспирираат заедницата на позитивни промени и здрави навики. Приклучете се и вие и споделете ги овие информации со вашите најблиски!
ПР-објава