еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

dm дрогерие маркт со силна порака по повод Денот на жената 8 Март: Секогаш тука една за друга, тоа нѐ прави посилни

Наративот за економска, политичка и социјална рамноправност е традиционално сеприсутен кога станува збор за одбележувањето на Меѓународниот ден на жената. Но, дали се ова навистина единствените поими што треба да го симболизираат овој голем ден?

Славејќи ги жените секој ден, најголемиот дрогериски ланец во Европа – dm дрогерие маркт, оди чекор понатаму и го поврзува Денот на жената со нешто што посебно ги одликува жените: инспирација, поддршка и заедништво!, велат од таму.

Водени од оваа мисла, dm дрогерие маркт во текот на целата година голем број од своите активности фокусира токму на благосостојбата и здравјето на жените преку создавање на заедништво кое меѓусебно се поддржува и инспирира на патот кон нови, поголеми успеси, посочуваат од таму.

„Како компанија во која повеќе од 90% од вработените, а и исто толкав број од купувачите се жени, насочени сме кон целта, позитивно да придонесеме кон нашата заедница и да создадеме услови кои ќе ги придвижат работите кон една попозитивна точка од која секоја жена ќе има бенефит за сопственото здравје и нега.

Соодветно на ова ги планираме нашите активности и го формираме нашиот асортиман, сѐ со цел да одговориме на потребите на нашите верни купувачи“, велат од компанијата.

Понудата на повеќе од 1.800 парфеми, шминки и подарок сетови, создадена специјално за Денот на жената јасно ја покажува заложбата на компанијата за оплеменување на потрошувачките потреби на жените, велат од таму.

Покрај ова, од компанијата најавија дека секоја жена која ќе пазарува на 8. Март во дрогериите на dm ќе добие симболичен подарок – приврзок со инспиративна порака по повод Денот на жената.

“Но, поддршката за жените и нивните потреби од страна на компанијата е далеку од само асортиманска.

Само во изминатата година, dm дрогерие маркт, со цел поддршка и зајакнување на жените, реализираше низа активности во форма на стручни советувања и експертски соработки за подигнување на свеста за женското здравје„, велат од таму.

Под слоганот „{ЗАЕДНО} за подобро утре“ компанијата распиша и конкурс за поддршка на проекти за подобрување и зачувување на женското здравје, преку кој со средства во висина од 3 милиони денари, компанијата поддржа реализација на 6 проекти пријавени на конкурсот.

Оваа година, како иницијатива за намалување на менструалната сиромаштија и зголемување на менструалната правда, компанијата ги намали цените на влошките и тампоните од сопствената трговска марка Jessa.

“Имајќи ги предвид сите овие активности и заложби на компанијата за жените и нивните потреби, не е ни чудно што токму dm е едно од омилените места за пазарување на повеќето жени.

Активностите за поддршка на жените ќе продолжат и ќе се интензивираат во годините кои претстојат, а целта ќе остане иста: Создавање на заедништво кое меѓусебно се поддржува и инспирира на патот кон нови, поголеми успеси“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Д-р Даниловски: Изолацијата кај омикрон сојот треба да се намали на пет дена

Редакција

21-годишна девојка смртно прегази 77-годишна жена

Редакција

Втора жртва: Тринаесетмесечно дете од Свети Николе почина од морбили

Редакција