еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија ќе бидат завршени денеска или утре

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска или утре треба да завршат ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија, по што, како што рече, ќе се организира транспортот на нивните тела во земјава.

-Интензивно се работи да се завршат ДНК анализите. Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив.

Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите, рече Филипче во одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата на Здружението на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни по повод Светскиот ден на СИДА.

Автобуската несреќа се случи ноќта меѓу 22 и 23 ноември кога автобус на „Беса транс“ на враќање од Истанбул се запали на патот „Струма“ во близина на Софија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Немам закажано средба со Борисов

Редакција

По 3.000 и 1.500 денари, 4 месеци ќе добиваат ранливи категории граѓани и пензионерите со ниски пензии

Редакција

(Видео) Симпатизери на бугарската партија “Преордба“ која има 37 пратеници ја вандализираа зградата на Европската комисија во Софија

Редакција