еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

До 31. мај треба да ја потврдите или корегирате годишната даночна пријава за 2022 година

Граѓаните треба да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2022 година што Управата за јавни приходи ги  постави на корисничките профили во „е-Персонален данок“, за вкупниот доход кој го оствариле во текот 2022 година.

УЈП соопшти дека секој кој е регистриран на системот „е- Персонален данок“ е должен на својот кориснички профил да ја прегледа Годишната даночна пријава за 2022 година и да ја потврди доколку се согласува со податоците содржани во неа, или пак да ја корегира доколку смета дека податоците не се точни.

Посочуваат дека рокот за потврда или корекција на даночната пријава е 31 мај 2023 година и потенцираат дека по истекот на законскиот рок потврдените пријави и пријавите кои ниту биле потврдени, ниту корегирани ќе се сметаат за конечни и ќе добијат таков статус, додека по корегираните даночни пријави ќе се одлучува во рок од 60 дена.

-Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2022 година. Кај обврзниците во чија ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по добивањето на конечниот статус на ГДП (по 31 мај 2023), ќе се изгенерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава, а кај обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, може да искажат барање за враќање на данокот во самата пријава, соопштија од УЈП.

Апелираат до граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

515 заболени од коронавирусот без симптоми, 373 имале контакт со веќе потврден случај во државата

Редакција

Трагедија: Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање во рудникот Булмак-Минстрој

Редакција

Мажите со Ковид-19 во Македонија, имаат околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените

Редакција