еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

До 8 јули од 8 до 18 часот затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање

Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека поради асфалтирање, од денеска до 8 јули годинава, ќе биде затворена за сообраќај селницата Велес – Градско (во н.м. Градско) во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај, со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тестирајте се: Годинава регистриран 41 случај со ХИВ и тројца починати, најмладиот имал 21 година

Редакција

Ќе се согласат ли ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со промена на изборниот модел во пресрет на изборите?

Редакција

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор – извршена уште една трансплантација на хируршките клиники

Редакција