еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До недела стабилно, од понеделник со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

До недела ќе се задржи стабилно време, по котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот во повеќето котлини условите за магла да се намалат, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во понеделник претпладне се уште ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Заборавениот конфликт се разгорува: Украина и Русија на работ од војна

Редакција

„Еве кој ќе вработи 300 пилоти од Арачиново“: Твитер за Миликијe Халими, новата директорка на АД „Аеродроми„

Редакција

(Фото) Од Охридското Езеро извадени автомобилски гуми, пластични шишиња, најлонски кеси…

Редакција