еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До петок сончево и топло време, а од сабота врнежливо

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека од сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, додека максималните од 19 до 25 степени.

Утре попладне претежно во северните делови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Во четврток и петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер.

Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор од 30 дена за сопственикот, раководителот и возачот на на „Дурмо Турс“

Редакција

Вучиќ од Охрид: Ковачевски добар домаќин кој сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот

Редакција

Пендаровски денеска ќе ги извршува редовните работни обврски, велат од Кабинетот по дојавата за бомба

Редакција