Пулмологот и директор на ковид-центарот на Интерните клиники, Дејан Докиќ на денешната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче изјави дека нашиот здравствен систем се менаџира добро во справувањето со Ковид-19.
Докиќ тврди дека имало доволен број на пулмолози и лекувањето не било хаотично, туку според најновите европски теркови. Набавени биле сите лекови и лекувањето било според протокол.
На интернетите клиники, истакна тој, смртноста на 1.200 лекувани лица е 25 отсто, што било во рамките на европскиот просек, кој е од 22 до 30 проценти.
Според него, статусот, кој се споделуваше на социјалните мрежи, во негово име, имало за цел да ја поткопа довербата во здравствениот систем и тоа го смета за кривично дело, поради што и пријавил во надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не може со точност да се тврди дали британскиот сој дава потешки компликации, вели Докиќ
„АстраЗенека“ е безбедна и сите вакцини штитат од мутираните соеви на Ковид-19, вели Докиќ
Фото: МЗ