еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Кунгуловски објаснува зошто треба да се вакцинирате против Ковид-19

Ви го пренесуваме постот кој на Фејсбук го сподели доктор Горан Кунгуловски, кој објаснува зошто треба да се вакцинираме против Ковид-19.

“Ајде да пристапиме логички и разумно и да утврдиме каква е реалноста.

Ковид пандемијата го начека целиот свет неспремен и до пред 9 месеци сите бевме во скоро безизлезна ситуација. Тоа е реалноста.

Вирусот беше високо заразен на почетокот, сега стана уште неколку пати позаразен. Тоа е реалноста.

Смртноста е под 0.1% кај млади и како се зголемува старосната граница така се зголемува и смртноста до 15-20%. Значи во најдобар случај, ако не вашиот, тогаш родителот или дедото/бабата на некој што го знаете ќе почине.

Кога ќе се земе заразноста и бројката на инфицирани предвид, тоа се преведува во многу голем број на смртни случаи и целосна блокада на здравствениот систем. Со тоа и умирање или влошување на хронично болните што не се заразени. Што и го гледаме. Тоа е реалноста.

За ова повеќе да не биде реалност и да не биде безизлезна ситуација, целиот научен свет како никогаш досега се сплоти и за рекордно време со многу пари и претходни знаења од SARS-CoV-1 и MERS и другите сезонски коронавируси направи ВИСОКО ЕФЕКТИВНИ (не се перфектни, бидејќи ниедна вакцина не е) вакцини. Тие вакцини драстично (10-30 пати) го намалуваат ризикот за смрт и хоспитализација.

Значи ризикот за смрт на стар човек го прават сличен како ризикот за смрт на млад човек. Многу родители, дедовци и баби, СПАСЕНИ. Исто така вакцините ја намалуваат шансата за инфекција и понатамошно расејување на болеста. Со тоа многу луѓе што во друг случај би се заразиле ќе останат незаразени и спасени. Тоа е реалноста.

Да се биде вакциниран и инфициран е една болест од истиот вирус. Да се биде невакциниран и инфициран е консеквентно друга болест предизвикана од истиот вирус.

Има два избори:

Да се вакцинирате сами и да ги убедите да се вакцинираат вашите родители, баби и дедовци. Со тоа им давате многу голема шанса за да ја преживеат оваа пандемија, макар и се заразиле. Тоа е реалноста.

Да не се вакцинирате, значи дека сигурно ќе се заразите: дали сега, дали за еден месец, дали за една година. Со тоа ќе укажете дека не ви е гајле ни за вас ни за вашите родители, дедовци, баби, пријатели и сограѓани.

Не дозволувајте да се случат семејни трагедии поради нечиј инает и незнаење. Досега се покажало дека болеста Ковид-19 води од неколку пати до стотици пати поголем ризик за остварување на вашите најголеми стравови отколку било која вакцина.

Засега, вакцините се единствениот излез за намалување на страдањето и црната смрт. Ситуацијата е таква. Лоша. Ако имате друг предлог, научниот свет е спремен да слуша.

И не, засега нема лек за вирусот“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Кунгуловски: Немате право да не се вакцинирате и да го загрозувате правото на живот на другите

Доктор Кунгуловски објаснува за делта сојот и вакцините и прогнозира кога ќе имаме нов пик

Кунгуловски за СП: Невакциниран и непрележан човек има многу мали шанси да не се зарази со делта сојот

Фото: Кунгуловски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарска комора објави листа на доктори со важечки лиценци за работа

Редакција

Топ пет компании од Македонската берза со најголем профит

Редакција

Објавена снимка од атентатот на словачкиот премиер, напаѓачот е 71-годишен писател

Редакција