Објективна е итната потреба да се скрати периодот на изолација на позитивни пациенти, но во тој случај е неопходен барем брз антигенски тест пред излегување од изолација, во спротивно ќе имаме големи проблеми и таквата одлука ќе биде дел од низата погрешни, пишува матичниот лекар Ненад Лазаров на неговиот Фејсбук-профил.
„Тоа очигледно нема да го направат со оглед на фактот дека цела пандемија народот сам си ги плаќа тестовите, така да хаосот ќе си продолжи и понатаму.
Размислете зошто до сега не е дозволено матичен лекар да може да евидентира позитивен случај врз база на брз антигенски тест направен во ординација, кој има корист од ваква ситуација,“ пишува Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Д-р Петличковски: Носете маски N95, околу пикот сме на сојот омикрон
Фото: Фејсбук/Лазаров