еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Мојсоски: Причина за големата смртност од Ковид-19 е недостатокот на кадар и неорганизиран здравствен систем

Докторот по медицински науки, супспецијалист по пулмологија, супспецијалист по клиничка имунологија и супспецијалист по алергологија, Наум Мојсоски, кој бил прв клинички имунолог на Балканот, има излекувано, според негови зборови, многу тешко болни лица во поранешна Југославија, меѓу кои и високи функционери, во разговор за „Локално“ вели дека причината поради која Македонија е на шесто место по смрттноста во светот, а пред нас се Перу, Бугарија, Унгарија, Босна и Црна Гора, е „неорганизираниот здраствен сиситем“.

– Кога дојдов во Македонија неможев да сфатам дека имаме нешто помалку од 20 пулмози, инфектолози помалку од 40, а имашe дефицит од анестезиолози, патолози, педијатри, а тие се клучни за борбата со оваа болест, наречена корона.

Сега во ковид-центри работат млади доктори кои не се пулмолози, инфектолози кои немаат доволно знаење од пулмологија и инфектологија, а доктори кои се без едукација работат со респиратори. До појава на пандемијата во Македонија немаше респираторни центри каде би се едуцирал кадар за респиратор.

Пример на почеток на пандемијата имаше респиратори на инфективна клиника, но поради недостаток на анестезиолози сега таму нема респираторен центар, туку само модуларна болница каде се врши кислородна поддршка, а грижата е префрлена на 8. Септември, каде се омозможува механичка вентилација, вели д-р Мојсоски.

Во модуларна болница, вели тој има 66 кревета по 6 во секоја соба, 12 кревета поради недостаток на кадар постојано се затворени, за 50 болни кои се на кислородна подршка, односно се во фаза со хипоксемија, а скоро се сите тешко болни.

– Во смени има двајца млади лекари без искуство на 12 часа, две мединицински сестри и еден болничар. На секој пациент му треба нега, тие не смеат да се движат ради хипохемија, затоа особено кај жени се става катетер и пелени, на сите им се дава инфузија и сега се прашувам, зарем е можно тој кадар да згрижи толкав број на тешко болни кога знаеме дека во цел свет на 12 болни лица треба 1 лекар и 6 медицински сестри.

На интензивни одделенија на 8 болни треба 1 лекар и 8 сестри, а за респиратор треба на 3 респиратора 4 сестри и 1 доктор. Па, како сега нема да умираат овие пациенти, кој може да постигне од тој кадар со 2 сестри да изврши нега на болните, истакнува имунологот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Броевите на хоспитализации и на смртни случаи ги достигнаа своите врвови

20 лица во Македонија по третпат се заразиле со Ковид-19

Од Ковид-19 починале 16 лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот локална нестабилност, од понеделник постудено со пороен дожд и ветер

Редакција

Почина академик Луан Старова

Редакција

Д-р Даниловски објаснува за можноста за повторно заразување со Ковид-19 по вакцинирање или прележување

Редакција