еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватската влада нуди по 26.500 евра за секој иселеник што ќе се врати, засега пријавен само еден

Откако хрватската Влада понуди по 26.500 евра (200.000 куни) за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата, РТЛ јави дека за еден месец се пријавило само едно лице.

Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз и демографот Дамир Стрмота зборуваа на РТЛ за фијаското на владината мерка, нагласувајќи дека на луѓето треба да им се понуди повеќе, отколку пари за нивно враќање.

– Ова е очекувано, сите рекоа дека тоа се мерки кои реално немаат ефект за враќање. Треба (самите) да се запрашаат зошто младите заминаа? Пред сѐ во прашање е егзистенцијата, работата и една уредена држава. Треба да се понуди многу повеќе од некоја (владина) мерка, а луѓето веќе не веруваат во ветувања, изјави Стрмота.

Тој смета дека „на младите треба да им се нуди повеќе, многу повеќе“. Според него, важно е да се регулира деловната клима за инвестирање, да се подобрат работните услови на пазарот на труд, да се обезбедат подобри работни места и повисоки плати, а тука се и домувањето и усогласување на семејниот и деловниот живот.

Мајсториќ смета дека децентрализацијата би помогнала младите да останат во нивните заедници, но за сѐ е потребна политичка волја, време и финансии, како и дијалог.

На прашањето дали планира да ја напушти Хрватска, Мајсториќ одговори дека нема намера, но размислува да мигрира во земјата.

– Веројатно трајно ќе се иселам од Славонија, бидејќи таа не може да понуди работа и најчесто луѓето се селат во Загреб и неговата околина, како и на крајбрежјето, изјави Мајсториќ за РТЛ.

МИА/Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се тие еден процент од граѓаните кои ќе бидат опфатени со прогресивниот данок

Редакција

„Тепачка“ за акциите на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ пред исплата на дивидендата

Редакција

Антикорупциска комисија отвора предмети за „скалите на Шилегов“, претседателката на Судскиот совет и ја проширува истрагата за Рашковски

Редакција