еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се тие еден процент од граѓаните кои ќе бидат опфатени со прогресивниот данок

Премиерот Зоран Заев, при образложувањето за воведување на прогресивен данок, рече дека имаме работно-активни или приматели на приход меѓу 900.000 и милион граѓани и дека ќе бидат опфатени еден процент од граѓаните, односно околу 9.000 граѓани, ќе потпаднат под новиот „праведен“ данок.

„Тоа, значи дека секој, кој што има приход месечен, над 90.000 денари, за тоа што е над 90.000 денари ќе треба прв пат да плати 8 проценти. Односно, ако има нето приход од 100.000 денари, за 10.000 денари треба да плати 8 проценти или 800 денари“, рече Заев.

Бројката од 9.000 лица, за која премиерот тврди дека ќе биде опфатена со новите даночни реформи, не се согласува со проекцијата на Министерство за финансии, во која се вели дека 38.000 лица ќе бидат засегнати од новата даночна реформа.

Дали станува збор за ненамерен пропуст на премиерот или за различно гледање на реформата нема официјална информација.

Кои се тие граѓани кои влегуваат во тој еден процент?

Според објаснувањето на премиерот, тука не влегуваат информатичарите, архитектите, градежниците, бидејќи како што рече, „тие за жал сè уште не земаат над 90.000 денари“.

Според последната листа на УЈП врз основа на доставените годишни даночни пријави, доктор во Македонија имал плата од 227.000 евра или околу 2,7 милони евра за една година.

Граѓаните кои котираат високо на листата на УЈП освен по основ на плата и пензија, која не влегува во пресметката за прогресивното оданочување, приходи остваруваат и по други основи.

Највисок вкупен приход од 17,3 милиони денари од авторски и права од индустриска сопственост пријавил обврзник од Скопје.

УЈП новата листа за 2017 година треба да ја објави следниот месец.

Што покажува анализата на Министерството за финансии

Од Министерство за финансии пресметале дека лани, една половина од лицата што остваруваат доход имаат доход до 163.715 денари годишно (во нето износ).

„Просечниот доход на овие 50% изнесува 103.458 денари годишно. Деведесет проценти од популацијата имаат годишен доход до 373.207 денари, додека лица со доход над 509.328 денари годишно, спаѓаат во горните, т.е. најдоходовните 5%. Прагот за најдоходовните 1% изнесува 1.152.118 денари. Најдоходовните 1% во 2017 година заработувале во просек 3.310.790 денари годишно, односно 4.486 евра месечно“, покажуваат пресметките на Министерство за финансии.

Податоците на Министерство за финансии исто така покажуваат дека околу една половина од населението, поточно 943.000 лица, оствариле некаков доход во 2017 година. Платата е најчестиот вид на доход.

„Околу 578.000 лица имале доход од плата во 2017 година, при што доходот кој го оствариле од ова претставува 60% од вкупниот нето-доход во државата. Пензиите се на второ место, со 24% од вкупниот доход. Дивидендите се трети, со 5,5%, додека доходот од имот има учество од 2,6%.

Вкупно 14,4% од вкупниот доход завршува кај најдоходовните 1% од населението. Кога е во прашање доходот од плати, 9% од него завршува кај најдоходовните 1%. Кај другите видови доход, дистрибуцијата е многу понерамномерна.

Кај доходот од имот, околу 38% завршува кај најдоходовните 1%, кај доходот од игри на среќа, околу 60%, додека кај другиот доход, околу 50%. Најконцентриран е доходот од капитал, каде што повеќе од 90% од доходот завршува кај најдоходовните 1% од населението“, се вели во анализата.

Повеќе за анализата на Министерството за финансии, во однос на тоа што значи оваа даночна реформа може да прочитате ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои директори на јавни и државни претпријатија и институции ќе плаќаат повисок данок за нивните плати

Заев: Мојот приход е 87.000 денари, а со новиот данок ќе бидат опфатени плати повисоки од на премиерот и претседателот

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Тевдовски: Со министерска плата не можам да обезбедам моите деца да одат во приватно школо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчката полиција во соработка со македонската разби меѓународна мрежа за трговија со дрога – запленети над 100 килограми кокаин

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Врховниот суд на САД го отфрли барањето за дисквалификација на Трамп од претседателските избори

Редакција