еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Пановски: Ноќните клубови се биолошки бомби за ширење на коронавирусот

Микробиологот д-р Никола Пановски за Канал 5 вели дека треба да се укине неодамнешната одлука за отварање на ноќните клубови и да им се забрани да организираат забави до Нова година.

– Ноќните клубови се практично биолошки бомби за ширење на коронавирусот. Младите луѓе можеби нема да се заразат, но голема е веројатноста болеста да ја донесат дома и да се заразат повозрасни луѓе.

Исто така, сметам дека треба сите луѓе во затворен простор да носат заштитни маски.

Освен во продавници и во трговски центри, луѓето кои влегуваат во разни други установи одбиваат да стават маска на лицето. Тие сметаат дека членови на една иста фамилија и дека нема потреба да носат заштитни маски, а всушност тие луѓе ја шират болеста.

Затоа, апелирам до луѓето да не се групираат, а ако веќе мора да се групираат, тогаш да носат заштитни маски и да држат дистанца, вели Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски за ТВ 24: Смрноста од Ковид-19 е 60%, продолжува трендот секој доктор да си лекува по свое

Д-р Пановски: Тој што има пари ќе се тестира и ќе го купи лекот, оти нема поента тестирање да ви закажат по 7 дена, а лекот се пие во првите 5

(Видео) Доктор Пановски: Бројот на заразени од Ковид-19 ќе се зголеми на 1.000 дневно, состојбата би се смирила околу Нова година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епидемиологот Олумчев: Многу го запоставивме грипот, неговите симптоми се речиси идентични со Омикрон, и од него се умира

Редакција

Хуманитарен базар за бездомни животни

Редакција

Владиците Петар и Агатангел се лекуваат од Ковид-19 во „Систина“

Редакција