еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Доктори од Ниш работеa 100 дена и 12 викенди без надомест за да нема листа на чекање

Пo 100 дена и 12 последователни викенди во кои персоналот на Клиниката за кардиохирургија во Ниш работеше без надомест, во клиниката веќе нема листа на чекање, информираше на Фејсбук, директорот д-р Драган Милиќ.

Сега во оваа институција има само списоци за закажување.

„Листата на чекање со 149 пациенти на почетокот на оваа година премина во листа на закажување на која сега се наоѓаат 42 пациенти! Операциите кои минатата година се чекаа 3-4, а некогаш и 6 месеци повеќе нема да се чекаат“, напиша тој.

Тој наведува дека во овие 100 дена биле изведени вкупно 248 операции, додека минатата година во исто време биле извршени 117.

„Само во март годинава се направени неверојатни 98 операции! Бројот на хоспитализирани пациенти во првите 3 месеци од минатата година беше 145, а годинава дури 353! Бројот на амбулантски прегледи во периодот јануари-март оваа година беше 3.014, а минатата година изнесуваше 1.467“, напиша тој.

Фото: Фејсбук/Милиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕАМ фестивал ги прогласи најдобрите настани за 2023

Редакција

Денеска почнува „Велешка питијада 2022“: Кои се цените и кој се ќе настапи

Редакција

Вархеји давал паралелни пробугарски предлози за решавање на спорот со Бугарија, откри Димитров

Редакција