Граѓаните на општина Чаир кои се греат на парното на компанијата Скопје Север АД – Скопје, викендов беа без парно греење.
Снабдувачот Скопје Север АД – Скопје веќе потврди дека снабдувањето е прекинато од 23 овој месец, бидејќи Макпетрол Пром-гас го прекинало снабдувањето со природен гас, поради неплаќање од страна на Скопје Север – Скопје за веќе испорачаните количини природен гас.
Дознаваме дека неплаќањето на испорачаната количина на гас кон Макпетрол Пром-гас е поради долг на Oпштина Чаир во висина од околу 15 милиони денари кон Скопје Север АД – Скопје, со што е нарушено финансиското работење на компанијата и е главна причина за прекин на испораката на греење.
За среќа на граѓаните, овој проблем е брзо решен, односно веќе од неделата, 25 овој месец, е продолжена испораката на греењето, но, сепак немаме информација дали долгот кој го има Oпштина Чаир спрема Скопје Север АД – Скопје е надминат.