еМагазин
Image default
Македонија

Досега нема приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите

До Државната изборна комисија (ДИК) до попладнево ниту еден подносител на листа на кандидати за Локалните избори нема поднесено приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето.

Според информациите од ДИК, од поднесените приговори за заштита на лично избирачко право, на денот на изборите прифатени се 217.

Приговорот на постапката за гласање се поднесува во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, а приговорот на постапката за сумирање и утврдување на резултатите се поднесува во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати. Завршувањето на роковите, како што појаснуваат од Државната изборна комисија, зависат од времето кога завршило гласањето во секоја од општините поединечно.

ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука, а одлуката се доставува во електронско сандаче за прием на писмена (e-mail адресата) и одлуката се смета за доставена во рок од пет часа од доставувањето во електронското сандаче.

Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Тужбата до Управниот суд подносителот ја заснова на основот и врз наводите истакнати во приговорот по кој е донесена првостепената одлука.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во карантин ќе одат македонските граѓани кои од 1.септември за влез во земјава ќе немаат ПЦР-тест, потврда за вакцина или прележан Ковид-19

Редакција

(Видео) Братот на Груби купил деловен објект на улицата Македонија вреден половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Приведено лицето што фрли молотов коктел кон Собранието

Редакција