еМагазин
Image default
Македонија

Во четири општини во Струмичко и Радовишко ќе има втор круг за избор на градоначалник

Во четири од шест општини во Струмичко и Радовишко ќе има втор круг за избор на градоначалник.

Во Струмица и Босилово во првиот круг победија кандидатите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, Костадин Костадинов и Ристо Манчев.

Во Радовиш трката за градоначалник ја продолжуваат Коле Чаракчиев од СДСМ и Ацо Ристов од ВМРО ДПМНЕ, во Конче, Благој Илиев од владеачката партија и Златко Ристов од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, во Ново Село, Ѓорге Божинов од ВМРО – ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ и во Василево во трката за градоначалник остануваат актуелниот Марјан Јанев и Славе Андонов од ВМРО – ДПМНЕ.

Во Ново Село и Василево иако имаше двајца кандидати за градоначалник, сепак немаше избор во првиот круг заради големиот број неважечки гласачки ливчиња и затоа ниту еден канидатот не го собра потребниот број гласови. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Во 33 општини избрани градоначалници во првиот круг

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби тројца градоначалници во скопските општини, СДСМ ни еден

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца матични лекари се грижат за здравјето на цело Пехчево и прегледуваат ковид-пациенти

Редакција

Основниот суд Велес ќе му суди на судијата Владимир Панчевски

Редакција

Регистрирани 399 прекршоци за неносење маски

Редакција