еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Понудата од 5,4 милиони евра е прифатлива: Доверителите се за брза продажба на управната зграда на Еуростандард банка

Многу е веројатно дека поранешната управна зграда на Еуростандард банка конечно ќе добие нов сопственик.

Во петок Одборот на доверители на Еуростандард банка повторно ќе одлучува по повод третата јавна лицитација, и ќе гласа за брза продажба на зградата на Еуростандард банка, во надеж дека брзо потоа ќе започне и обештетувањето на сите доверители.

“На последното собрание на доверители на Еуростандард банка одржано на 15.09.2023 година по повод третата јавна лицитација, 88,1% доверителите биле eдногласни дека е потребна брза продажба на деловната зграда на Еуростандард банка.

На тој став бил и Фондот за осигурување депозити, како најголем доверител на Еуростандард банка и институција која има право на средствата од нејзината стечајна маса, како и Стопанската комора и останатите 20 најголеми доверители”, изјави правниот застапник на еден од доверителите.

Мнозинството на доверители и со соопштение деновиве се изјаснија дека последната понуда од 5,4 милиони евра е прифатлива и дека е дојдено конечно време да се затвори ова прашање.

Ова очекување е реално, а се поткрепува и со одлуката на Апелациониот суд во Скопје да ја прифати жалбата на еден од доверителите, поврзана со одлуката на стечајната судијка за поништување на лицитацијата, а по добиената препорака од стечајниот управник за повторна процена на вредноста на зградата, а со тоа и за одолговлекување на целиот процес.

Апелациониот суд донесе одлука дека стечајната судијка постапила спротивно на мнозинските интереси, и на деловникот за работа, и дека гласањето треба да се спроведе.

Стечајниот судија и стечајниот управник овојпат би требало да го поддржат мнозинството, одлуките на институциите и да ја потврдат продажбата, за да по три години, конечно доверителите бидат обесштетени.

Пантелеон ГС победи на наддавањето на третата по ред електронска аукција за овој деловен простор, со понудени 5,4 милиони евра. Сега понудата треба да биде прифатена од Собранието на доверители, а од прибраните пари да се обесштетат доверителите на пропадната банка.

Станува збор за реномирана и респектабилна брзо растечка македонска аутсорсинг компанија која работи за компании на американскиот пазар. Компанија која има амбициозни планови за раст и развој, и која во најскоро време сака и да го удвои бројот на вработени кој во моментов брои над 110 талентирани професионалци од различни области.

Предходно реномираната и интернационална  ревизорската куќа РСМ Македонија објектот го процени на 5,3 милиони евра. Канцеларискиот простор е 1.977 м2, додека 1.512 м2 се под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места.

Објектот има вкупна површина од 3.489 квадратни метри, не се продава парцијално, туку целосно, и навистина станува збор за голем износ на средства за македонски услови кои треба да се издвојат за овој деловен објект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката за урологија вработува медицински сестри, плата од 19.000 денари

Редакција

(Видео) Го почуствував „мирисот на смртта„ ноќта кога немав надеж дека ќе бидам спасен, раскажува Иван за грчките медиуми

Редакција

„Во Врање се слушна кога дадоа гол“: Македонските фудбалери главна вест во регионот и во светот

Редакција