еМагазин
Image default
Интервју

Др. Борут Рончевиќ, декан на Факултетот за апликативни општествени студии во Нова Горица: Обезбедуваме квалитетно образование и работа за студентите

Др. Борут Рончевиќ, декан на Факултетот за апликативни општествени студии во Нова Горица (FUDŠ) и професор на Факултетот за медиуми во Љубљана (FAM), Словенија зборува за образованието во Словенија, можностите кои Факултетот ги нуди за македонските студенти…

Квалитетот на образование е прв предуслов кој факултетот треба да го понуди на своите студенти. Образованието во Словенија е на највисоко ниво во оваа смисла. Што конкретно нуди Вашиот факултет на потенцијалните студенти од Северна Македонија?

Така е. На нашиот факултет, квалитетот е дел од работниот модел. Тоа значи, квалитет во наставата, квалитет во истражувањето и квалитет во администрацијата. Ова се три столбови на факултетот, со кој секој студент доаѓа во контакт.

Поради ова не изненадува дека нашите студенти немаат проблем да добијат работа веднаш штом ќе ги завршат студиите. Исто така, не изненадува дека, иако бројот на студенти поради демографијата е се помал, ние имаме се поголем број студенти секоја година и тоа повеќе од други држави. Добриот глас се шири.

Инаку, на ФУДШ имаме додипломски студии по Социјален менаџмент и Психосоцијална помош, на магистерските студии Меѓукултурен менаџмент и Психосоцијално советување а на докторските студии имаме програма по Социологија.

Иако сме во Нова Горица, град на граница со Италија, програмите ги изведуваме во Љубљана. На ФАМ имаме програми Медиуми и новинарство на додипломски и магистерски студии, односно програма Стратешко комуницирање на магистерско и докторско ниво.

Вие нудите и работа за секој Ваш студент кој сака и може да работи во Словенија. Мислите ли дека тоа може да влијае на квалитетот на студирање. Што, всушност, добива студентот кој работи додека студира?

Нашиот факултет, можеби, го има и најголемиот процент странски студенти во Словенија. Речиси секој четврти студент е странец. Иако во оваа година, наши студенти доаѓаат од 13 различни држави, поголемиот дел од нив сепак, долази од поранешната заедничка држава. Кај нас Македонците студираат од почетокот на факултетот.

Јасно ни е дека поголемиот дел од студентите нема можности нивните родители да ги пратат на студии и да ги платат сите трошоци. Поради ова направивме партнерство со најголемиот студентски сервис во државата каде на нашите студенти, на програмите каде се плаќа школарина, гарантира дека ќе добијат доволно работа да заработат барем 500 евра месечно.

Бидејќи минималната ставка е 5.4 евра на час, според законот, тоа на студентот му овозможува да работи и квалитетно да студира. Всушност, во Словенија, поголемиот број студенти работи преку сервиси и два од трите први договори за вработување се прават меѓу студентот и компанијата за која работел претходно. Студентската работа има и позитивна улога на пазарот на трудот.

Освен студии, постојат ли можности за научно-истражувачки проекти, каде студентите може да учествуваат и практично, да ги остварат своите соништа?

Да. На нашиот факултет, кој постои 14 години, научната работа почна и пред наставната. Во секое време, на факултетот имаме по неколку проекти, кои во најголем дел се финансиираат од Европската Унија а во помал дел, од нашата држава или различни компании. Од минатата година, на Факултетот имаме и Жан Моне центар за извонредност, кој го финансира ЕУ и на тоа сме посебно горди.

Вие предавате и на Факултетот за медиуми во Љубљана. По сите светски извештаи, новинарството во Словенија е многу слободно и иновативно, вистински коректор на власта. Исто така, сте член и заменик претседател на Надзорниот одбор на националната телевизија, што Вам ви овозможува практично да ја следите состојбата со медиумите во државата. Каква е соработката на Факултетот со медиумите?

Да. Исто така, на Факултетот почнува со водење на голем меѓународен конзорциум MELIA со 23 партнери од 15 држави, со кој ќе се занимаваме со проблематиката на медиумите, демократијата и активното државјанство.

На факултетот имаме и квалитетна соработка со повеќе медиуми од национален карактер и студентите може да се вклучат во практична настава во овие медиуми или за време на студиите да работат во нив преку студентскиот сервис. Тоа е одличен почеток за нивната кариера.

На факултетите каде што работите има студенти и од други земји. На кои јазици ги изведувате предавањата и испитите?

Како што веќе реков, поголем дел се странски студенти. Предавањата и испитите веќе неколку години ги изведуваме на словенечки и англиски јазик, што зависи од композицијата на групата и секако, од наставникот бидејќи имаме и неколку странски професори и асистенти.

Студентите од поранешните држави често планираат да останат во Словенија и им е во интерес да го научат јазикот, кој според нашето искуство се совладува уште во првата година од студиите.

Во овие случаи, многу сме флексибилни и на студентите во првата година им овозможуваме сите обврски да ги работат и на англиски и на српски јазик, секако зависно од тоа дали нашиот професор разбира српски јазик. Значи тука сме многу флексибилни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Црвените линии со Бугарија се јасни, за нив нема преговарање

Редакција

Илија Станковски: Учење преку служба за заедницата – образование во и надвор од клупите

Редакција

Клаудио Занки, основач на Caffѐ Italia: Филџан оригинално италијанско кафе во Скопје

Редакција