еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драги Бугари, на македонски се вели: Глејте си го дворот и излечете си ги фрустрациите

Лавина реакции предизвика ставот на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик не постои, туку тој е наречје на бугарскиот, кое следи по објавувањето на „Повелбата за македонскиот јазик” на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 3. декември.

Имено, според БАН официјалниот јазик во Македонија е писмено-регионална норма на бугарскиот јазик.

Колку и да е за неверување, раководството на БАН по Повелбата на МАНУ побарало мислење од три институти и за нив дискутирало на седницата во Софија. Заклучокот за македонскиот јазик произлегол од мислењата на Институтот за бугарски јазик, Кирило-методиевскиот научен центар, Институтот за научни истражувања и на академици.

„На седницата на 11 декември 2019 година, Собранието на академици и придружните членови дискутираше за Повелбата на МАНУ и добиените мислења од институтите на БАН. Ставовите на членовите на Собранието беа едногласни и категорични во одбрана на научните вистини и факти во однос на потеклото, историјата и карактерот на официјалниот јазик во Република Северна Македонија, кои во наведената Повелба беа претставени некоректно и со замена на научната терминологија. Бугарската академија на науките смета дека ставот на Собранието на МАНУ е неточен и неприфатлив, штетен за односите меѓу двете соседни земји”, пишува во соопштението.

Нормален човек тешко би поверувал дека во 21 век, луѓе кои се декларираат како највисока научна институција воопшто се дрзнале да расправаат за јазик на соседна држава.

Нивните заостанати сфаќања одат дотаму што тврдат дека „континуитетот на т.н. македонски јазик всушност е континуитет на бугарскиот јазик“, дека фактот што „македонскиот јазик се изучува на голем број странски универзитети се должи на државната политика на РСМ за целисходно субвенционирање на лекторатите во странство”, како и дека „претставувањето на бугарските книжевници и дејци Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Григор Прличев, Браќата Миладиновци и други како македонски е извртување на историската и научната вистина”.

На ваквиот став правовремено и остро реагираа од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје од каде наведуваат дека постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и, нагласуваат дека „секој став што го негира овој непобитен факт го смета за свесна провокација“.

Всушност, токму тоа е улогата на БАН во моментов да шири евтина дневно-политичка пропаганда, што е несфатливо за научна институиција од земја членка на ЕУ.

Затоа, „браќа“ Бугари наместо да ловите политички поени базирани на национализам, еднаш засекогаш разберете дека ние сме Македонци, кои пишуваат и говорат на македонски јазик и така и ќе остане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Игор Џамбазов и Весна Бејби во нивни стил им одговорија на Бугарите за негирањето на македонскиот јазик

Твитер во „црвено“ за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарската академија на науките

За Институтот „Крсте Мисирков“ негирањето на македонскиот јазик е свесна провокација

Институт за македонска литература: Со ставот на Бугарската академија на науките се негира македонскиот идентитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Паркирањето во Тетово, Општината сака да го менаџира преку приватна фирма

Редакција

По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра

Редакција

Кривични за Гоце Михајлоски и Михаела Димовска од ТВ Канал 5 од Левица, осуда од ЗНМ

Редакција