НЛБ Банка во текот на минатата година презела средства врз основ на неплатени побарувања во вредност од 193,1 милиони денари или околу 3,1 милиони евра, што е значителен пораст во однос на претходната година кога биле преземени средства во вредност од 22,2 милиони денари или околу 360.000 евра, покажува билансот на состојба на банката објавен преку Македонската берза.
„Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на претходната година се значително зголемени како резултат на превземен имот со цел наплата на побарување. Во однос на планот за периодот се повисоки за 16,8%.“, соопшти банката во анализата на финансиските резултати за минатата година објавена преку Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните и фирмите „чуваат“ над милијарда евра во НЛБ Банка
НЛБ Банка лани оствари добивка од 30 милиони евра