еМагазин
Image default
Македонија

Државата бара отштета од над 163 милиони денари од обвинетите во случајот „Шпански скали“

Државното правобранителство најави отштетно побарување во случајот „Шпански скали”.

Преставникот на Државното правобранителство, Елена Саздовска, во своето обраќање пред судот посочи дека во име на оштетената Република Северна Македонија, најавува отштетно побарување од обвинетите во износ од над 163.000.000 денари.

Застапникот за Државното правобранителство, воедно посочи дека отштетното побарување е засновано во обвинителниот акт и во вештиот наод и мислење на вештите лица.

Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева – Михаичовска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчева.

Проовинетиот Миле Јанакиески, коментирајќи го барањето на Државното правобранителство наведе дека за 50.000.000 денари е поголема сумата од тоа што се најавува како отштета и извештајот на вештите лица.

Во случајот „Шпански скали“, освен Миле Јанакиески, обвинети се и Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Сите се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски со првата дама го пречека полскиот колега Дуда

Редакција

Одлука на Влада: Администрацијата ќе работи во смени, онлајн или со ротации

Редакција

Студент кој живее во Скопје, втор активен случај со Ковид-19 во Кичево

Редакција