еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања

Од Министерство за здравство вчера информираа дека од корона вирусот во Македонија починаа уште три лица.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај.

Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово,“ информираа од таму.

Детали за починатите соопштија и од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Починатите беа на возраст од 59 – 76 години, со присуство на симптоми и хоспитализирани.

Кај два случаи се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), еден имал контакт со веќе потврден случај, а сите се без историја на патување надвор од државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупната бројка на починати изнесува 95.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Уште само 23 здравствени работници во Македонија се заболени со коронавирусот

7 лица хоспитализирани, 10 имале контакт со потврден случај, детали за новозаразените со коронавирусот

Пред да влеземе кај стоматолог ќе ни мерат температура, а ќе потпишуваме и согласност за интервенција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Лажни се сите пријави за поставени бомби во училиштата во Скопје

Редакција

Се искомплицира доаѓањето на рускиот министер Лавров во Србија: Македонија, Црна Гора и Бугарија му забранија прелет до Белград

Редакција

Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за еден денар

Редакција