Лавина реакции на социјалните мрежи има откако Владата вчера го усвои ребалансот на буџетот за 2019 година, со кој се кратат 50 милиони евра за капитални инвестиции и се воведува мерка за субвенционирање на зголемување на платите до 100 евра.
Граѓаните главно коментираат како може новата министерка за финансии Нина Ангеловска да подготви ребеланс кога е едвај неколку дена на работа, но и забележуваат за кратењето на капиталните инвестиции.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
Два дена министерка, одма ребаланс. Што ти е групер искуство мме!
— Ramona (@VRamonaT) September 3, 2019
Кога дојде министеркава, кога успеа да направи ребаланс на буџетот?
— Колумнистот (@kolumnistot) September 3, 2019
Ајдеее,
на новата Мин.за Финансии и сместиле ребаланс на буџет кој она не го правела но ќе мора да го потпише и да го брани пред парламентот!!!
Тек је почело Нина,си се фатила со стари вуци!— СЕВЕРЏАН #Северна никогаш (@BrunoBa03714810) September 2, 2019
За 7 месеци реализирани 24,5% од капиталните инвестиции.
Или 85% по ребаланс на буџетот и намалува од 422 на 150 милиони за 2019та. 😉— Emilijano (@EmilijanoJ) August 27, 2019
Секој ребаланс иста реклама
— Драгуљче (@SieMiGaDjuro2) September 3, 2019
Кога не знаеш да раководиш со јавните финансии и за вештачки да го зголемиш процентот на реализација на капиталните инвестиции (особено во предизборен период) напрај ребаланс на Буџетот и намали ги веќе предвидените. Сакам да прашам – на кој к** ги трошите парите на граѓаните?! pic.twitter.com/FhfB1IONHp
— ✈ (@slikauramka) September 3, 2019
Јас на ново работно место 2 месеци се адаптирам.
Нина за 2 дена го склопи цеч буџет.
БРАВО ЦАРИЦЕ! pic.twitter.com/vo8iXORkzd— Мјолнир (@PopulistAnti) September 3, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ребаланс на буџетот: Капиталните инвестиции намалени за 50 милиони евра, на што се крати?
Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…
Ребаланс од немајкаде: Популизам а ла ВМРО-ДПМНЕ наместо капитални инвестиции
Фото:Министерство за финансии