еМагазин
Image default
Македонија

Два нови случаи на заразени со Ковид -19 во Крива Паланка и еден во Кратово

Според денешните резулатти објавени од Институтот за јавно здравје, во општина Крива Паланка се регистрирани два нови случаи на лица заразени со Ковид-19, а има и едно заразено лице во Кратово.

Со тоа, бројката на активни случаи во Крива Паланка се искачи на седум, од кои последните четири случаи се регистрирани во изминатите 72 часа.

Денешните два новодијагностицирани случаи се возрасна жена која според епидемиолошките анкети била на скопските клиники и најверојатно таму се заразила, додека другото лице е младо момче на 26-годишна возраст, кој без какви било симптоми направил тест за Ковид-19 поради претстојно патување во странство.

Инаку, претходните два случаи беа лица вработени во рудникот кај Крива Паланка, „Тораница-Булмак“.

Во Кратово засега, со денешниот случај има само два активни случаи со Ковид-19.

Општина Крива Паланка и Кризниот штаб изминатата недела превземаа дополнителни мерки за заштита од Ковид-19, со низа мерки и заклучоци.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тримесечно бебе меѓу вкупно 228 заразени од Ковид-19 во Дебар

Вакцината за Ковид-19 за сите граѓани ќе биде бесплатна, најавува Филипче

Дванаесет новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Нови 118 случаи на Ковид-19, половина се од Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го заклучил во стан: 71-годишен битолчанец извршил полов напад врз осумгодишно дете

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: М-НАВ само ги потврди информациите дека исплаќа плати во висина од илјадници евра

Редакција

Нов јапонски амбасадор во Македонија е Оцука Казуја

Редакција