еМагазин
Image default
Македонија

Две лица од Тиквешијата позитивни на Ковид-19 починаа на скопска клиника

Двајца тиквешани позитивни на Ковид-19 починаа на скопска клиника.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Јовановски појасни дека станува збор за 81-годишен кавадарчанец и 66-годишно лице од Неготино.

Изминатите 24 часа евидентирани се нови 40 случаи позитивни на Ковид-19. Како што појасни Јовановски, 30 од Кавадарци, еден случај од Росоман, пет во Неготино и четири во Демир Капија.

Сите се на возраст од 12 до 82 години.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипската болница за ковид пациентите во функција става и дел од одделот за кардиологија

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара бројот на пратеници од 120 да се намали на 90

Редакција

(ВИДЕО) Данела Арсовска: Сведоци сме на силна црна кампања против мене и моето семејство

Редакција