еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Две неуспешни аукции за продажба на зградата на Еуростандард банка, закажана е трета

По две неуспешни аукции за продажба на зградата на Еуростандард банка, закажана е трета електронска аукција за 15 март.

Од средствата кои ќе се добијат треба да бидат подмирени депонентите на Банката, а тоа се оние граѓани кои имале штедни влогови поголеми од 30.000 евра, како и некои компании. Оние со помали заштеди беа обештетени од државата.

Неуспешните досегашни аукции според експертите за проценка на недвижен имот водат кон заклучок дека можеби вредноста на овој објект е преценета, и дека некој со тоа намерно го кочи процесот на обештетување на депонентите.

Според реномирана, независна ревизорска куќа која направи процена на вредноста на оваа зграда (по официјални методологии за процена на недвижен имот), реалната вредност не кореспондира со она што неофицијално се бара од 8,4 милиони евра.

Објектот има вкупна површина од 3.489 квадратни метри, во кои влегуваат 1.512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места. Канцеларискиот простор е само 1.977 м2. Објектот ревизорите и овластени проценители го проценуваат на 5,3 милиони евра.

Објектот не се продава парцијално туку целосно, и навистина станува збор за голем износ на средства за македонски услови кои треба да се издвојат за овој деловен објект.

Деловната зграда на Еуростандард банка е лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, надворешно изгледа атрактивно и секако е штета да не се користи од некого. Особено што со текот на времето ако не се одржува, ќе се обезвреднува и “може да ја прегази времето”.

Штедачите треба да ги добијат своите средства, а вредноста на имотот реално да се процени, тоа е нешто кон што треба да се тежнее.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Главната зграда на Еуростандард банка се нуди на аукција за 8,4 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По предлогот на Макрон, од Европската комисија тврдат дека процесот на проширување на ЕУ засега продолжува како порано

Редакција

850 претставници на ЕУ ја обвинија Фон дер Лајен за пристрасност кон Израел во конфликтот со Хамас 

Редакција

Португалскиот министер Силва: Цел ни е Скопје и Тирана да ги почнат преговорите за време на португалското претседателство со ЕУ

Редакција