еМагазин
Image default
Македонија

Две воспитувачки во тетовските градинки заразени од Ковид-19

Две воспитувачки од градинка објект Тетекс во Тетово се евиденитирани како заболени од Ковид-19, а нивните групи со деца и колешките се во изолација дома. Директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост“, Рамије Даути вели дека двете колешки се во добра здравствена состојба, како и децата од нивните групи кои не покажале симптоми.

„Нема поголеми проблеми. Тоа не е болест која се шири само во градинките. Можат и дома да се разболат. Една група е изолирана, тука имавме две деца и двете деца се дома. Ги имам контактирано и вработените и родителите од децата и сите потврдија дека моментално се добри“, изјави Рамије Даути.

Во јуни кога беше направен скрининг кај вработените во градинките, немаше ниту еден позитивен случај.

Во објектите на ОЈУДГ „Младост“ во Тетово според протоколите за работа во услови на пандемија со Ковид-19 овозможено е згрижување на 200, а по започнувањето со работа беа дојдени 98 деца.

Според информациите на Министерството за здравство тетовскиот регион досега брои вкупно 1.387 дијагностицирани со Ковид-19, од кои активно болни се 168 луѓе. Вкупно се оздравени 1.134 лица, а има и вкупно 85 смртни случаи поради Ковид-19.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1.618 тестирања, најголем број во Скопје

Починаа уште пет пациенти од Ковид-19, вкупната бројка надмина 700

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, стравува дека евентуалната вина за „Рекет“ ќе падне само на неговиот клиент

Редакција

Договорот со Бугарија ќе добие анекс

Редакција

Дарко Каевски е новиот претседател на подмладокот на СДСМ

Редакција