еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Две жалби на тендерот за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Во постапката за јавна набавка за избор на надзор и правен консултант за изградба на Коридор 8 и Коридор 10, се поднесени две жалби, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Согласно со Законот за јавните набавки, во моментов, како што соопштуваат, се подготвуваат одговори на жалбите кои ќе бидат доставени до Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на оваа недела.

– Откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ќе донесе соодветни решенија за двете жалби, Јавното претпријатие за државни патишта ќе постапи согласно со наведеното во решението од Комисијата, велат од ЈПДП.

На 14. месецов ЈПДП информираше дека на тендерот за надзор и правен консултант за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-д е избрана понудата на „IRD Engineering“ во износ од 1.374.304.070 денари, со што почна да тече и рокот за жалби.

На тендерот,  што беше отворен од 15 септември до 17 октомври годинава, аплицираа и Imgerop conseil et ingenuine“, која конкурираше со 1.106.040.600 денари, како и „Хил интернационал“, со понуда од 1.533.721.722 денари.

Ова е втора постапка за избор на правен надзор и консултант за изградбата на автопатите што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Првата постапка беше поништена откако избраниот понудувач во предвидениот рок не ја обезбеди банкарската гаранција за навремено и квалитено извршување на договорот.

Со овој проект е предвидена изградба на автопатските делници Гостивар – Кичево, Тетово – Гостивар, Требениште – Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола.

За изградбата на автопатите на Коридорот 8, во Буџетот за 2023 година се предвидени 244 милиони евра.

Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект. 

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Советникот на ДУИ, Усеини натепал сограѓанин: Му извади пиштол на син ми, а потоа ме тепаа по глава

Редакција

И Управен пресуди дека поранешниот претседател на Совет на јавни обвинители Јолевски, ја дискриминирал Ристоска

Редакција

Сител, Канал 5, Алсат-М и Алфа лани работеле со добивка, Телма со загуба

Редакција